Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп минатиот четврток изјави дека наскоро ќе се сретне со Путин во Будимпешта.
Калас им рече на новинарите, пред собирот на европските министри за надворешни работи во Луксембург, дека напорите на Трамп за постигнување мир се добредојдени, но дека е важно и украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со рускиот лидер, објави Ројтерс.
„Америка има голема моќ да изврши притисок врз Русија да дојде на преговарачката маса; ако го искористат тоа, тогаш секако е добро ако Русија ја запре оваа војна.“
Путин се соочува со потерница од Меѓународниот кривичен суд (МКС), од кој Унгарија во моментов се повлекува.
„Што се однесува до Будимпешта, не, не е убаво… да се види лице кое има потерница издадена од МКС како доаѓа во европска земја“, рече Калас, додавајќи дека „прашањето е дали ќе има некаков резултат“.
Литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис кажа дека нема место за Путин во ниту еден европски главен град.
„Единственото место за Путин во Европа е Хаг, пред Трибуналот, а не во ниту еден од нашите главни градови“, кажа тој пред состанокот на министрите.
Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Калас, им кажа на новинарите и дека очекува 19-тиот пакет санкции против Русија да биде усвоен оваа недела, но истакна дека одобрувањето нема да се случи денес.






