Таа, како што пренесува Гардијан, „изгледаше фрустрирана од исклучувањето на Европа од клучните разговори за Украина“, жалејќи се дека „Украинците се таму сами“.
„Јасно е дека Русија не сака мир и затоа мора да ја направиме Украина што е можно посилна за да биде подготвена да се бори за себе во ова многу тешко време“, кажа Калас.
Калас додаде дека „ слушнавме дека разговорите во Америка биле тешки, но продуктивни“. Таа инсистираше дека ЕУ треба да продолжи да истрае во две клучни области, „вршење притисок врз Русија – за понатамошни санкции“, како и обезбедување воена, финансиска и хуманитарна поддршка за да може Киев да „издржи и да ја надмине Русија“.






