Таа зборуваше по виртуелниот самит на Европскиот совет за војната во Украина, еден ден по вонредниот самит на украинските и неколку европски лидери со претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во Вашингтон.
Калас изјави дека „единството меѓу лидерите на ЕУ на денешниот виртуелен самит беше опипливо“ и дека темите за безбедноста на Украина и руските санкции ги ставила на врвот на агендата за разговорите следната недела меѓу министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ, објави Ројтерс.
„На (рускиот претседател Владимир) Путин не може да му се верува дека ќе исполни какво било ветување или обврска. Затоа, безбедносните гаранции мора да бидат доволно силни и веродостојни за да ја одвратат Русија од прегрупирање и повторно напаѓање“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.






