недела, 7 декември 2025

Калас: Се врши притисок врз Украина бидејќи така е најлесно да се заврши војната

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Каја Калас изјави дека притисокот треба да се изврши врз Русија, а не врз Украина, жртвата на агресија, ако не сакаме нова војна за неколку години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се плашам дека целиот притисок се врши врз послабата страна бидејќи предавањето на Украина е најлесниот начин да се заврши оваа војна. Но, ако сакаме оваа војна да заврши и да не избувне повторно за неколку години, тогаш мора да го извршиме целиот притисок врз агресорот, односно Русија“, оцени Калас по состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки.

Калас го истакна ова во контекст на состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф, најавен за денес. Шефицата на дипломатијата на ЕУ се залага замрзнатите руски средства да се искористат за репарациски заем за Украина, на што најмногу се спротивставува Белгија, каде што се депонирани повеќето од овие средства.

Таа кажа дека загриженоста на Белгија е легитимна и дека не сака да ја потценува, но дека сите во ЕУ се подготвени да го споделат евентуалниот ризик. Таа го отфрли тврдењето од писмото на белгискиот премиер Барт де Вевер до Европската комисија, во кое тврди дека употребата на замрзнатите руски средства би го загрозила тековниот мировен процес.

Таа истакна дека, напротив, тоа би ја зајакнало позицијата и на Украина и на Европската Унија во преговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ