четврток, 18 декември 2025

Калас: Путин се потсмева со дипломатските напори за мир во Украина

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, остро ги осуди бранот силни воздушни напади врз Киев, во кои загинаа повеќе од десетина луѓе, вклучувајќи деца, и повика на построги санкции кон Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Овие напади покажуваат дека Путин само се потсмева со секаков вид мировни напори што се преземаат“, рече Калас пред дводневниот состанок на европските министри за одбрана и надворешни работи во Копенхаген.

„Она што треба да го направиме е да го зголемиме притисокот врз Русија“, додаде таа, нагласувајќи дека новите санкции за извоз на енергија и финансиски услуги „најмногу ќе ѝ наштетат“.

Покрај казнените мерки против Русија, Калас ги повика и членките на ЕУ да продолжат да го снабдуваат Киев со оружје. „На Украина ѝ е потребна целата воена поддршка што може да ја добие сега“, рече таа.

Министрите собрани во данската престолнина ќе разговараат и за безбедносните гаранции за Украина по завршувањето на борбите.

Европската Унија би можела да го поддржи Киев со тоа што ќе продолжи да ја обучува украинската војска и ќе ја зајакне одбранбената индустрија на земјата, со обврски од поединечни земји-членки, изјави највисокиот дипломат на Европската Унија.

Војната не завршува „ако погледнете што прави Путин“, оцени Калас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ