недела, 7 декември 2025

Калас: Потребни се дополнителни санкции за Русија

По видеоконференцијата со министрите за надворешни работи на ЕУ таа изјави дека е важно ЕУ да продолжи да ја поддржува Украина и да врши притисок врз Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мора да запомниме дека има еден агресор и една жртва. Целосниот и безусловен прекин на огнот мора да биде првиот чекор… но во моментов не гледаме знаци дека Русија е подготвена за прекин на огнот. Русија не ја запира својата воена машинерија, напротив. Сè уште треба да преминеме од ситуација каде што Русија се преправа дека преговара во ситуација каде што Русија мора да преговара. Стигнуваме таму“, рече Калас.

Таа додаде дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да ги постигне своите цели на бојното поле“ и дека затоа ќе се обиде да го постигне тоа преку преговори.

Калас рече дека „верувањето дека Украина губи е лажно“ и дека мировниот договор мора да вклучува отстапки од руска страна.

Таа додаде дека фокусот на договорот „мора да биде на она што треба да го направи Русија“, дека руската војска и воениот буџет треба да бидат „ограничени за да се спречат понатамошни напади“ и дека фокусот треба да биде на ограничувањето на Русија.

„Мора да се осигуриме дека Русија никогаш повеќе нема да нападне. За да се спречи продолжувањето на војната, потребен е праведен и траен мир во Украина“, рече Калас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ