вторник, 6 мај 2025

Калас најави посета на Србија: Дијалогот на Белград и Приштина мора да продолжи

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изјави дека дијалогот на Белград и Приштина мора да продолжи и најави дека во мај ќе ги посети двете страни.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јасно е дека нормализацијата на нивните односи е од најголемо значење и затоа дијалогот на Белград и Приштина мора да продолжи“, кажа Калас во Луксембург, по состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи.

Потсетувајќи на именувањето на нов специјален претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина, Калас кажа дека „најдоцна во мај“ ќе ги посети двете страни.

„Јасно е дека стабилноста и безбедноста на регионот се од суштинско значење. Ако ја погледнете картата, Западен Балкан е географски во Европа. Тие би требало да бидат во ЕУ“, кажа Калас и додаде дека процесот на проширување е од исклучителна важност и дека мора да се оствари напредок во тој процес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ