вторник, 10 февруари 2026

Калас: Москва мора да биде приморана на реални отстапки во мировните преговори

Шефицата на дипломатијата на Европската Унија Каја Калас смета дека Кремљ не ги сфаќа сериозно преговорите за Украина и кажа дека Брисел размислува за назначување специјален претставник кој би ги претставувал 27-те членки на Унијата на преговарачката маса.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за бриселскиот портал Јуронњуз, Калас предупреди дека мировните напори околу Украина ризикуваат зајакнување на руската агресија доколку Москва не биде принудена да направи вистински отстапки.

Таа ги изрази своите стравувања за преговорите меѓу Русија и Украина, кои беа посредувани од Соединетите Американски Држави и кои досега не дадоа резултати. Таа оцени дека застојот во преговорите ја покажува несериозноста на Кремљ бидејќи Украина е под притисок да се согласи на отстапки.

„Тие (руските преговарачи) навистина немаат сериозни луѓе на масата“, кажа Калас, додавајќи дека од оваа рунда преговори не очекува ништо.

Високата претставничка за надворешна политика призна дека за прв пат од почетокот на војната во Украина администрацијата на Трамп ги донесе двете страни на преговарачката маса, но таа истакна дека постои очигледна нерамнотежа помеѓу она што се бара од Киев и она што се бара од Москва.

„Видовме само каде Украинците се подготвени да направат компромис за да ја завршат војната. Не видовме никакви отстапки од руска страна“, изјави Калас за Јуроњуз.

Во меѓувреме Трамп повеќе пати безуспешно поставуваше рокови за завршување на војната.

Калас кажа дека болните отстапки, главно во однос на територијата, се наменети само за Украинците. Таа истакна дека Украинците треба да одлучат за какви отстапки се подготвени и предупреди против руските преговарачки тактики.

Функционерката на ЕУ додаде дека Русите бараат максимум, нешто што никогаш не било нивно, дека тие упатуваат закани и ултиматуми, користат сила.

Во меѓувреме, се повеќе има повици ЕУ да назначи специјален претставник кој ќе го претставува блокот и ќе ја поддржува Украина во преговорите, иако тоа никој не им го понудил.

Калас не сакаше да шпекулира за имињата за таа позиција, но нагласи дека фокусот треба да биде на мандатот и целта на назначувањето на пратеникот.

„Поентата во моментов не е за личноста, туку за тоа што и колку сакаме да добиеме со тоа (назначување)“, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ за Јуроњуз. „Ако Русите мислат дека постигнуваат максимални цели со Американците, зошто би разговарале со Европејците“, праша таа.

Наместо тоа, Калас верува дека Русија мора да се стави во позиција каде што „ќе премине од преправање дека преговара кон вистинско преговарање“, што би барало сила и единство од Западот.

ЕУ и САД се судрија околу визијата за тоа како треба да изгледа мирот во Украина, а почетниот мировен план, кој беше преговаран директно со Русија, предизвика европски стравувања дека Украина ќе биде принудена на лош договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ