среда, 11 јуни 2025

Калас: ЕУ ќе му помогне на Радио слободна Европа да опстане

Европската Унија  подготвува договор вреден 5,5 милиони евра со Европската фондација за демократија за поддршка на работата на Радио Слободна Европа, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа, по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Калас истакна дека во ерата на растечко, нефилтрирано новинарство, независното новинарство е поважно од кога било.

„Станува збор за краткорочно, итно финансирање наменето за безбедносната мрежа на независното новинарство“, истакна Калас.

Брисел одлучи да му помогне на РСЕ откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги прекина грантовите за пропагандните медиуми, обвинувајќи ги дека промовираат агенда со либерална пристрасност.

Сега адвокатите на РСЕ се борат против американската администрација на суд.

Калас, како што пренесува Асошиејтед прес, изјави дека ЕУ нема да може да ја пополни празнината во финансирањето на медиумот низ целиот свет, но дека сака да му помогне „да работи и да функционира во оние земји што се во соседството (на ЕУ) и кои во голема мера зависат од вестите што доаѓаат однадвор“.

Таа кажа и дека се надева дека земјите членки ќе помогнат со повеќе пари за да се поддржи РСЕ на долг рок.

Калас додаде дека ЕУ бара „стратегиски области“ каде што може да помогне, бидејќи САД ја намалуваат странската помош.

Корпоративното седиште на Радио Слободна Европа се наоѓа во Вашингтон, а нивното седиште за медиуми е во Чешка, која го предводеше и проектот за собирање средства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ