четврток, 22 мај 2025

Кадиров: Побарав од Путин да ме разреши од должноста

Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров изјави дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин да го разреши од должноста, среде шпекулациите дека лошото здравје наскоро би можело да го принуди да се повлече.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кадиров (48) дојде на чело на Чеченија во 2007 година, откако беше назначен на функцијата од рускиот претседател Владимир Путин. Како што пишува Новаја Газета Европа, Кадиров се подготвува да му ја предаде власта на својот 17-годишен син Адам. „И јас ги слушнав тие гласини. Пишуваат секакви работи“, рече Кадиров како одговор на написите, објави владиниот портал Чеченија денес.

„Напротив, јас лично побарав да бидам разрешен од должноста. Кој и да дојде, ќе има свои иницијативи, своја визија. Се надевам дека моето барање ќе биде прифатено“, додаде тој.

Ова не е прв пат Кадиров да зборува за повлекување. Во 2017 година, во телевизиско интервју, тој рече дека тоа ќе биде негова „животна желба“. „Тогаш беше потребен човек како мене да се бори, да воспостави ред“, изјави тој за Росија 1 во тоа време, според Ројтерс. „Сега имаме ред и просперитет… и време е за промени во Чеченската Република.“

Кадиров е близок сојузник на Владимир Путин и учествуваше во руската инвазија на Украина испраќајќи борци на бојното поле од претежно муслиманската Чеченија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ