Според еден од овие извори, 58-годишниот амбасадор бил депресивен и можеби си го одзел животот.
Амбасадорот, чие целосно име е Нкосинати Емануел Нати Мтетва, резервирал соба на 22-ри кат, чиј прозорец бил насилно отворен, соопшти обвинителството.
Телото на Мтетва, близок пријател на поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума, беше откриено пред хотел, дежурен судија излегол на местото на настанот, додаде обвинителството.
Исчезнувањето на амбасадорот го пријавила во понеделник неговата сопруга, која изјавила дека добила вознемирувачка порака од него таа вечер, соопшти обвинителството.
За истрагата надлежна е Бригадата за злосторства против личност.
Мтетва беше министер за уметност и култура на Јужноафриканската Република од 2014 до 2019 година, а потоа министер за спорт, уметност и култура до 2023 година, според информациите од веб-страницата на амбасадата.
Во јули 2019 година, тој одржа говор на комеморација по смртта на пејачот Џони Клег, познат како Бел Зулу, една од значајните фигури во борбата против апартхејдот.
Помеѓу 2007 и 2022 година, Мтетва беше висок функционер во Африканскиот национален конгрес (АНК), владејачката партија по првите демократски избори во 1994 година.
Тој работел илегално во рамките на военото крило на АНК за време на апартхејдот и бил уапсен за време на вонредната состојба во 1989 година, по што апартхејдот завршил во 1991 година.






