Поранешниот германски министер за надворешни работи од редовите на Зелените, Јошка Фишер, изјави за Тагесшпигел дека Европа мора да развие сопствена атомска бомба, тврдејќи дека нуклеарното оружје е клуч на суверенитетот, пренесува денес порталот Нуклеарна перспектива.
Фишеровиот аргумент е дека американскиот „нуклеарен чадор“ повеќе не е сигурен и дека Германија, заедно со европските партнери, мора да преземе лидерство во нуклеарното вооружување.
Иконата на германските Зелени бара Европа да се вооружи со атомски бомби, а човекот чија партија со децении водеше војна против мирнодопската нуклеарна енергија, сега во нуклеарното оружје гледа „спас“, пренесува порталот и ја додава изјавата на хемичарот Рајнер Морман дека Германија е способна да произведе атомска бомба во рок од само три години.






