петок, 30 мај 2025

Јеменска ракета падна во близина на најголемиот аеродром во Израел (ВИДЕО)

Ракетата лансирана од Јемен кон Израел денеска падна во близина на аеродромот Бен Гурион, главниот меѓународен аеродром во земјата.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Снимките споделени на социјалните мрежи покажаа облак чад од патничкиот терминал. Израелската војска објави дека го истражува падот на ракетата лансирана од Јемен.

Репортер на Ројтерс на аеродромот слушнал сирени и видел патници како трчаат кон засолништата.

Неколку луѓе на аеродромот објавија видеа направени од телефони на кои се гледа облак од црн чад јасно видлив во близина, зад паркирани авиони и згради на аеродромот.

Израелските служби за итни случаи соопштија дека нема извештаи за сериозно повредени. Маж и жена со полесни повреди се пренесени во болница, а две лица добиле помош на местото на настанот поради последиците од паника.

Управата на аеродромот објавија дека ракетата паднала во близина на паркингот на терминалот.

Јеменските бунтовници Хути истрелуваат ракети кон Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ