петок, 19 декември 2025

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба поднесе оставка

Премиерот Шигеру Ишиба денеска изрази намера да поднесе оставка по зголемените повици од неговата партија тој да ја преземе одговорноста за големите порази на неодамнешните парламентарни избори, пренесува јапонската национална телевизија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ишиба ја презеде функцијата во октомври минатата година и повеќе од еден месец се спротивставува на барањата на противниците во партијата.

Оставката на премиерот беше објавена еден ден пред Либерално-демократската партија да одлучи дали да одржи предвремени избори за раководството на партијата, што всушност би значело гласање за недоверба на Ишиба.

Владејачката коалиција на Ишиба не успеа да обезбеди мнозинство во горниот дом на парламентот на клучните парламентарни избори во јули, што дополнително ја разниша стабилноста на неговата влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ