сабота, 12 јули 2025

Јапонија го егзекутираше „убиецот од Твитер“

Јапонија изврши смртна казна на човек кој убил девет лица во 2017 година, што е првата егзекуција во земјата од 2022 година. Сериските убиства извршени од Такахиро Шираиши, тогаш 30-годишен, ја шокираа јапонската јавност и предизвикаа дебата за тоа како самоубиството се прикажува и коментира на интернет.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Жртвите биле претежно млади жени, на возраст од 15 до 26 години, кои Шираиши ги пронаоѓал преку Твитер. Тој ги намамувал во својот стан во градот Зами, во близина на Токио, ветувајќи им дека ќе им помогне да умрат, а во некои случаи тврдејќи дека ќе изврши самоубиство со нив.

Откако ги намамувал, ги задавувал и ги распарчувал нивните тела.

Полицијата ги откри злосторствата во октомври 2017 година, кога пронајде делови од тела во стан во Зами додека барале исчезната девојка. Фрижидерите и кутиите со алатки содржеле остатоци од девет лица, што ги навело јапонските медиуми да го наречат станот „куќа на ужасот“.

На профилот на Шираиши на Твитер стоела пораката: „Сакам да им помогнам на луѓето кои навистина страдаат. Ве молам, испратете ми порака во секое време.“

Тој призна дека убил девет лица кои размислувале за самоубиство. Обвинителите бараа смртна казна, додека неговите адвокати тврдеа дека станува збор за „убиство со согласност“, наведувајќи дека жртвите се согласиле да бидат убиени и побарале проценка на неговата ментална состојба.

Но, самиот Шираиши ги оспори тврдењата на својата одбрана, велејќи дека убивал без согласност на жртвите. Стотици луѓе се собраа на изрекувањето на пресудата во декември 2020 година. Тој беше осуден на смртна казна.

Убиствата доведоа до промени во правилата на користење на Твитер, кои подоцна наведоа дека на корисниците не им е дозволено да „промовираат или охрабруваат самоубиство или самоповредување“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ