„Господинот Пицула и нашите хрватски соседи секогаш зборуваат повеќе за себе отколку за мене. Наводно доаѓате со добри намери, а вашата единствена намера е борбата која ја водевте со пушка против српскиот народ сега да ја продолжите со други средства“, оцени Вучиќ.
Тој додаде дека би бил многу загрижен ако Пицула каже нешто убаво за него. „Вака, сè додека зборува лошо за мене, јас сум среќен, знам дека правам голема и добра работа за мојата Србија и за мојот народ. Кога оние што ја мразат Србија ме критикуваат толку жестоко, тоа е најголема пофалба за мене“, нагласи Вучиќ.
Вучиќ тврди дека во Хрватска се инсистира на тоа дека Србија не нашла голем број од исчезнатите лица ниту ја открила нивната локација, а во исто време се молчи дека има повеќе исчезнати Срби.
„Можевте да видите во хрватските медиуми дека тие инсистираат дека Србија не ги нашла исчезнатите лица, а никој ниту за секунда не ги спомна, иако им кажав стотици пати, податоците на Црвениот крст од Женева дека има повеќе исчезнати Срби отколку Хрвати. А секој ден слушам само за исчезнати Хрвати“, кажа тој.
Според официјалните записи, додаде тој, на територијата на Хрватска исчезнале околу стотина Срби повеќе од вкупниот број исчезнати Хрвати. „Но, претпоставувам дека тие исчезнати Срби не се луѓе и затоа никој од нивна страна никогаш не ги споменува. И можете да зборувате за тоа колку сакате, едноставно не е валидно и не им е гајле за тоа.
Ние сме негативците затоа што исчезнатите Хрвати не се пронајдени, иако сакам да бидат пронајдени, или нивните посмртни останки. Навистина го сакам тоа затоа што е цивилизациско достигнување, а тие дури нема ни да спомнат, а камоли да кажат, дека има повеќе исчезнати Срби. Ова се официјални информации на Црвениот крст од Женева, а не на Александар Вучиќ“, нагласи српскиот претседател.
Ден претходно Тонино Пицула, презентирајќи извештај пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кажа дека Вучиќ дејствува во некомпатибилни улоги на лидер на партија и претседател на државата во кампањата за локалните избори. Тој оцени и дека „гледањето низ прсти на автократите и наметнувањето стабилност на сметка на зајакнувањето на демократијата не помогнало во трансформацијата на Србија“.
Според Пицула, Србија назадува, а ситуацијата во земјата е „поларизирана и напната“. Вучиќ кажа дека зборовите на Пицула не го загрижуваат и дека оние кои зборуваат за авторитарни постапки „треба само да се погледнат себеси во огледало“.
На прашањето на новинарите за наводниот притисок врз вработените во јавните претпријатија да доаѓаат на митинзи на Српската напредна партија (СНС) под закана со отпуштање, Вучиќ одговори дека никој не мора да дојде ако не сака.
„Тука, ги поканувам сите луѓе дека никој што не сака да дојде на митингот. Апсолутно никој. И ги поканувам граѓаните на Белград да не дојде никој кој тоа не го сака “, кажа тој, додавајќи дека е бесмислено да се зборува за принудување на луѓето да доаѓаат.






