понеделник, 8 декември 2025

Извештај на ОН: Никој не ги чита извештаите на ОН

Обединетите нации изработуваат повеќе од 1.000 извештаи годишно, но повеќето едвај се читаат, покажува студија на ОН чија цел е работата на организацијата – која одбележува 80години постоење и се мачи со криза на идентитетот – да ја направи „повлијателна и покохерентна“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во март, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја формираше Работната група на ОН80 – реформска иницијатива насочена кон преглед на тоа како Секретаријатот се справува со илјадниците мандати и намалувањето на административните оптоварувања.

Според извештајот објавен оваа недела, Секретаријатот изработил 1.100 извештаи минатата година – зголемување од 20 проценти од 1990 година – и оддржал 27.000 состаноци на кои учествувале 240 субјекти.

„Самиот број состаноци и извештаи го турка системот – и сите нас – до точка на кршење“, им кажа Гутереш на новинарите.

Многу од овие извештаи не се читаат. Првите пет отсто од извештаите се преземаат повеќе од 5.500 пати, додека еден од пет извештаи има помалку од 1.000 преземања. И преземањата не мора нужно да се претворат во читање.

Организацијата, основана по Втората светска војна од Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија, Франција и Кина, беше создадена за да работи на спречување на војна и промовирање на соработката.

На почетокот имаше 51 членка. Сега со 193 земји-членки, ОН се соочува со она што многу експерти го опишуваат како криза на кредибилитетот. Гутереш возврати на ова, инсистирајќи дека „нашите вредности никогаш не биле порелевантни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ