среда, 28 јануари 2026

Извештај на надворешнополитичкиот одбор на ЕП: Цената на непроширувањето би ја надминала цената на пристапувањето

Цената на непроширувањето на Европската Унија  би ја надминала цената на пристапување на нови членки, со што расте ризикот од создавање геополитички сиви зони подложни на злонамерно влијание, според Извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ, кој го составија членовите на Европскиот парламент во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Проширувањето на ЕУ е одговор на променливата геополитичка реалност и витална инвестиција во безбедноста и стабилноста на Унијата, според извештајот, кој беше усвоен со 44 гласа „за“, 11 „против“ и осум „воздржани“.

Извештајот го поздрави напредокот во процесот на проширување и забележа дека неколку земји-кандидатки за членство „поставиле амбициозни цели за завршување на преговорите“.

„Ова треба да се охрабри кога е придружено со опипливи реформи“, порачуваат пратениците на АФЕТ, додавајќи дека пристапувањето мора да продолжи да се заснова на заслуги и да биде реверзибилно, и дека ниедна земја не треба да се „третира како дел од пакет“.

Одборот истакнува дека усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ е клучен индикатор за геостратегиската ориентација на земјата-кандидат.

Европратениците додаваат дека загрижувачко назадувањето на демократијата во земјите во процесот на проширувањето со најниска усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, како и во земјите чиј процес на пристапување кон Унијата „ефикасно заостанува“.

АФЕТ повика на засилено следење на спроведувањето на реформите во земјите кандидати во рамките на „Кластерот на основите“ и поддршка за актерите на граѓанското општество кои се посветени на реформите и европските вредности.

Извештајот повикува и на „соодветно претпристапно финансирање во рамките на новата повеќегодишна финансиска рамка и подлабока соработка во областите на инфраструктурата, безбедноста, отпорноста и сузбивањето на манипулацијата со странски информации“.

Известувачот Петрас Ауштревичиус, член на групата „Да ја обновиме Европа“ од Литванија, кажа дека извештајот „го идентификува проширувањето на ЕУ како геополитички приоритет, бидејќи пообединета Европа го зајакнува глобалното влијание на Унијата“.

„За да се постигне ова, ЕУ мора да го поедностави процесот на пристапување со решавање на политичките блокади, особено оние поврзани со средните чекори како што се отворањето и затворањето на преговарачките кластери и поглавја. Нашето предложено решение е зголемената употреба на гласање со квалификувано мнозинство“, изјави тој.

Ауштревичиус заклучи дека земјите-кандидатки „мора доследно да ги спроведуваат потребните реформи, бидејќи членството во ЕУ може да се обезбеди само преку процес кој се базира исклучиво на заслуги“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ