„Голанската бригада, која дејствуваше во областа Кан Јунис за уништување на терористичката инфраструктура, идентификуваше камера на Хамас инсталирана во близина на болницата Насер, која се користеше за следење на активностите на израелските сили со цел насочување на терористичките активности“, се вели во соопштението на израелската армија.
„Во овој контекст војниците дејствувале за отстранување на заканата со пукање и уништување на камерата, а истрагата покажала дека војниците дејствувале со цел да ја отстранат заканата“, се додава во соопштението.
Станува збор за таканаречен „двоен удар“ – два напада во непосредна близина – во кој загинаа здравствени работници, пет новинари и работници од службите за итни случаи кои побрзаа да помогнат по првиот напад. Си-ен-ен потсетува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потоа ја нарече смртта на цивилите „трагична несреќа“.
Израелската војска, исто така, објави дека шест лица, кои ги опиша како „терористи“, биле убиени во нападот врз болницата Насер. Еден од нив, тврдат тие, учествувал во нападот на израелска територија на 7 октомври.
„Во исто време, началникот на Генералштабот изразува жалење за каква било штета предизвикана врз цивилите“, се вели во соопштението на израелската војска. Си-ен-ен соопшти дека не може независно да ги потврди тврдењата.






