среда, 1 април 2026

Израелскиот министер за одбрана: Ќе го окупираме југот на Либан и ќе ги срушиме сите куќи во селата

Либанскиот министер за одбрана, генерал-мајорот Мишел Менаса, изјави дека изјавите на Кац покажуваат „јасна намера да се воведе нова окупација на либанската територија“, каква што постоела и претходно.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за одбрана на Израел изјави дека на југот на Либан ќе биде воспоставена тампон-зона и дека Израел ќе задржи контрола над дел од територијата дури и по завршувањето на сегашната војна против вооруженото крило на движењето Хезболах, кое е дел од власта во Либан.

Израел Кац рече дека областа што ќе биде окупирана ќе се протега до реката Литани во јужен Либан — околу 30 километри од границата со Израел.

Тој исто така наведе дека сите куќи во либанските села во близина на израелската граница ќе бидат срушени.

Либанскиот министер за одбрана Мишел Менаса оцени дека овие изјави укажуваат на „јасна намера за нова окупација на либанска територија“.

Државите од Европската Унија, Канада и Обединетите нации исто така ја критикуваа најавата на Израел, пренесува Би-би-си.

Израел на 2 март испрати копнени трупи во јужен Либан и истовремено изведуваше напади од воздух и со артилерија низ целата земја, вклучително и делови од главниот град Бејрут, кој се наоѓа посеверно.

Овие акции следуваа откако Хезболах испука ракети кон северен Израел како одмазда за убиството на врховниот лидер на Иран кон крајот на февруари, во почетокот на американско-израелската војна против Иран.

Израел и претходно, и покрај примирјето договорено во 2024 година, речиси секојдневно изведуваше напади врз Хезболах.

Од почетокот на март, според податоците на либанското Министерство за здравство, во Либан загинале 1.238 луѓе, меѓу кои и 124 деца.

Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања наведува дека загинале и 52 здравствени работници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ