Заедно со Египет и Соединетите Американски Држави, Катар дејствува како посредник меѓу Израел и Хамас во конфликтот во Газа. Преговорите за прекин на огнот се во застој со месеци. Заедно со бројни муслимански земји, нападот го осудија лидерите на Британија, Франција, Турција, Германија, Шпанија, Словенија, како и претставници на ЕУ и ОН.
Кац кажа дека Израел ќе ги повика на одговорност сите вклучени во упадот предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година во јужен Израел, по што Израел започна офанзива во Газа. „Безбедносната политика на Израел е јасна – долгата рака на Израел ќе дејствува против своите непријатели насекаде. Нема место за криење“, порача Кац денес на социјалната мрежа Икс.
Израел не покажува знаци дека ќе ја заврши војната и покрај растечката меѓународна осуда поради огромните цивилни жртви и хуманитарната катастрофа во крајбрежниот појас каде што населението гладува поради блокадата на помошта од страна на Израел.
„Ако убијците и силувачите од Хамас не ги прифатат условите на Израел за завршување на војната – пред сè ослободување на сите заложници и разоружување – тие ќе бидат уништени, а Газа ќе биде разурната“, заклучи Кац.






