понеделник, 14 јули 2025

Израелскиот државен авион полета за Атина поради можна одмазда

„Крилото на Цион“ (Wing of Zion), израелската верзија на американскиот претседателски авион Ерфорс Уан, полетал денес наутро од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив во моментот кога Израел го почнал напад врз нуклеарните објекти на Иран, објавија израелските медиуми.

Принтскрин: Јутјуб

Објавено на

часот

Сподели

Овој авион, официјално превозно средство за премиерот Бенјамин Нетанјаху и претседателот Исак Херцог за време на нивните меѓународни патувања, тргнал за Атина во петок наутро поради страв од можен ирански одмазднички напад, пишува Џерусалем пост.

Авионот претходно бил префрлен и од воздухопловната база Неватим, која се наоѓа на север од пустината Негев, за време на иранскиот напад врз Израел во април 2024 година. Набрзо откако израелскиот државнички авион се упатил кон Грција, портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), бригадниот генерал Ефи Дефрин, изјави дека Иран лансирал повеќе од 100 дронови кон Израел.

ИДФ официјално не потврди дека сите дронови се соборени, а можно е да биле лансирани и повеќе, но во моментов се соборени доволен број за привремено да се олеснат упатствата за однесување на граѓаните на Израел. Овие упатства би можеле повторно да се заострат во одреден момент ако и кога Иран ќе почне нов голем напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ