„Примени се снимки (што прикажуваат) вооружено лице што прегазува палестински поединец“, соопшти војската, додавајќи дека станува збор за резервист и дека тој е отпуштен од армијата.
Резервистот постапувал „со грубо пречекорување на своите овластувања“, а оружјето му е одземено, соопшти војската. Израелските медиуми објавија дека мажот се наоѓа во куќен притвор. Израелската полиција засега не одговорила на барањето на Ројтерс за коментар.
Палестинецот отишол во болница на преглед, но не бил потешко повреден и сега се наоѓа дома. Видеоснимката, која ја емитуваше палестинската телевизија и чија автентичност ја потврди Ројтерс, прикажува вооружен маж во цивилна облека што со теренско возило удира во човек додека овој се моли покрај патот.
חייל מילואים דורס מתפלל בצד הדרך בדיר ג׳ריר שבגדה המערבית
(שימוש לפי סעיף 27א לחוק זכויות יוצרים) pic.twitter.com/6GmLBlI81Z— הארץ חדשות (@haaretznewsvid) December 25, 2025
Според податоците на Обединетите нации, годинава се забележани рекорден број напади врз израелски цивили врз Палестинци на Западниот Брег – повеќе од 750. Повеќе од илјада Палестинци биле убиени на Западниот Брег меѓу 7 октомври 2023 и 17 октомври 2025 година, главно во операции на безбедносните сили, а дел и поради насилство од израелски доселеници, наведува ОН.
Во истиот период, во палестински напади загинале 57 Израелци. Во петокот палестински напаѓач уби две лица на северот на Израел, соопшти полицијата.






