„Тоа е политичка одлука прикриена како морална, која ги поткопува темелите на економската соработка меѓу Израел и Европа“, кажа претседателот на Израелското здружение на производители, Рон Томер. „Соработка изградена со децении врз вредностите на иновациите, слободата на трговијата и дијалогот“.
Томер ја повика израелската влада да дејствува против земјите што го поддржуваат тероризмот и да ги зајакне економските врски со другите земји во светот, истакнувајќи дека израелскиот извоз страда поради војната.
„Израелскиот извоз е сè повеќе засегнат секој ден, понекогаш одвнатре, а понекогаш однадвор, особено во областа на фармацевтските производи и одбранбените технологии. Ова е удар што ќе го погоди не само Израел, туку и нашите европски партнери кои имаат корист од нашите производи и услуги“, кажа тој.
„Доколку Европската Унија одлучи да воведе „економски санкции, ќе си наштети самата на себе“, предупреди Томер, повторувајќи го ставот на израелското министерство за надворешни работи.






