недела, 29 јуни 2025

Израелски пратеник: Синоќа убивме речиси 100 луѓе во Газа и никому не му е гајле (ВИДЕО)

Пратеник на израелскиот парламент и претставник на радикалната десничарска ционистичка партија, Цви Сукот, во програма во живо изјави „дека Израел уби повеќе од сто жители на Газа преку ноќ и дека никој не се грижи за тоа“.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

За време на дебатата на израелскиот Канал 12 со коментаторот Хаим Левинсон, Сукот рече дека израелските безбедносни сили се способни да дејствуваат на повеќе фронтови истовремено и да користат сила каква што „не можел ни да замисли“ кога оваа влада беше формирана пред повеќе од две години.

„Синоќа беа убиени речиси 100 жители на Газа. А прашањето што ми го поставивте нема никаква врска со Газа. Дали знаете зошто? Затоа што никому не му е гајле. Сите се навикнаа на фактот дека можеме, среде војна, да убиеме 100 луѓе во Газа за една ноќ, а никому не му е гајле“, изјави Сукот, очигледно алудирајќи на фактот дека настаните од војната, кои некогаш привлекуваа големо внимание во Израел и во светот, денес минуваат речиси без реакција, пренесува Тајмс оф Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ