среда, 18 март 2026

Израелски напади низ Либан, шест мртви во Бејрут (ВИДЕО)

Во израелски воздушни напади во Бејрут загинаа најмалку шест лица во средата, соопшти либанското Министерство за здравство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападите го потресоа срцето на либанската престолнина додека Израел ја засилува офанзивата против групата Хезболах, поддржана од Иран.

Израелски воздушни напади имаше и во јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах, каде што на снимките на Ројтерс се гледаат експлозии што го осветлуваат ноќното небо.

Најновите напади го вовлекуваат Либан подлабоко во војната на Блискиот Исток, откако Хезболах го нападна Израел на 2 март, наведувајќи дека сака да се одмазди за убиството на врховниот лидер на Иран.

Израел одговори со офанзива во која загинаа повеќе од 900 луѓе во Либан и над 800.000 беа принудени да ги напуштат своите домови, според либанското Министерство за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ