понеделник, 6 април 2026

Израелски напад на училиште во Газа, убиени најмалку 10 раселени Палестинци

Најмалку 10 лица се убиени а неколку се ранети денес во израелски воздушен напад врз училиште во кое се сместени раселени Палестинци, соопштија здравствените власти, во најновиот излив на насилство кое фрла сомнеж врз веќе кревкиот договор за прекин на огнот во Газа посредуван од Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пред нападот некои Палестинци се судриле со милиции поддржани од Израел, тврдејќи дека го нападнале училиштето во обид да киднапираат некои луѓе, изјавија лекари и жители. Среде судирите, источно од бегалскиот камп Магази во централниот Појас Газа, израелски беспилотни летала испукале две ракети кон областа, при што се убиени најмалку 10 лица, а неколку други се ранети, додале изворите.

Сè уште не е јасно точно колку цивили се убиени во тие напади кои ја погодиле густо населената населба претежно со раселени Палестинци. Ахмед ал-Магази, кој бил сведок на нападите, кажал дека нивната област била нападната од членови на милиција поддржана од Израел, која дејствува на територија во непосредна близина на област контролирана од израелските сили, пред да отворат оган.

„Жителите се обидоа да ги бранат своите домови, но окупаторските сили директно ги таргетираа“, изјавил тој за Ројтерс.

Претходно денес во израелски воздушен напад е убиен еден Палестинец и рането едно дете додека се возеле на мотоцикл во градот Газа, соопштија лекарите. Лекарите додадоа дека израелските сили убиле уште еден Палестинец кога отвориле оган врз возило во централна Газа, со што бројот на жртви во понеделник достигна најмалку 12. Израелската војска сè уште не коментирала за ниту еден од трите денешни инциденти.

Во израелската кампања во Газа убиени се повеќе од 72.000 Палестинци, повеќето од нив цивили, според здравствените власти во Газа. Офанзивата доведе до широко распространето гладување и ги срамни со земја повеќето згради, а поголемиот дел од населението е раселено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ