понеделник, 14 јули 2025

Израелски министер за одбрана: Жителите на Техеран наскоро ќе ја платат цената

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „жителите на Техеран ќе ја платат цената“ за нападите на Иран врз израелските цивили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Арогантниот диктатор во Техеран стана кукавички убиец кој ги таргетира израелските цивили за да ги спречи ИДФ (Израелските одбранбени сили) да продолжат со своите напади што ги осакатуваат воените капацитети на Иран. Жителите на Техеран наскоро ќе ја платат цената“, рече Кац во објава на платформата Икс.

Изјавата доаѓа еден ден откако истиот министер вчера се закани со зборовите: „Ако врховниот лидер на Иран, Хамнеи, продолжи да ги гаѓа израелските цивили со ракети – Техеран ќе гори“, објави Тајмс оф Израел.

Пораките на Кац доаѓаат во време кога размената на напади меѓу Иран и Израел продолжува, при што бројот на жртви расте од двете страни. Израелските власти тврдат дека Иран намерно таргетира цивилни цели, додека Иран тврди дека се одмаздува за „израелската агресија и злосторства“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ