петок, 30 мај 2025

Израелски министер повика на бомбардирање на складиштата со храна во Газа: „Мора да гладуваат“

Израелскиот министер за наследство Амикај Елијаху во интервју повика на бомбардирање на складиштата за храна во Газа, пренесува Ерусалим пост.

Принтскрин: Јутјуб

Објавено на

часот

Сподели

„Мора да гладуваат. Ако постојат цивили кои се плашат за своите животи, би требало да поминат низ планот за емиграција. Штом ним им стане тешко, ќе му биде тешко и на Хамас. Немам проблем со бомбардирање на резервите на гориво и храна на Хамас“, порача Елијаху.

Во меѓувреме, висок функционер на Хамас изјави дека исламистичката група повеќе не е заинтересирана за преговори за примирје со Израел и ја повика меѓународната заедница да ја прекине „војната на гладот“ против Газа. „Нема смисла да се водат преговори или да се разгледуваат нови предлози за прекин на огнот сè додека во Појасот Газа продолжува војната со глад и истребување“, кажа Басем Наим за Франс прес.

Тој додаде дека светот мора да изврши притисок на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги оконча „злосторствата на глад, жед и убиствата“ во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ