„Газа ќе изгледа како Беит Ханун“, го цитираше Канал 12 Кац за време на состанокот со рабини од крајно десничарската Религиозна ционистичка партија.
Кон средината на јули, Кац сподели снимки од воздух на кои се гледа Беит Ханун срамнет со земја од израелското бомбардирање.
אחרי רפיח, בית חאנון – אין מחסה לטרור. pic.twitter.com/zysODb3WFB
— ישראל כ”ץ Israel Katz (@Israel_katz) July 11, 2025
Во јуни 2024 година, локалната палестинска власт го прогласи Беит Ханун за „зона на катастрофа“ поради масовното уништување предизвикано од израелскиот напад врз областа.
Градот Рафа на југот од Појасот Газа исто така претходно беше уништен од израелската армија.
Религиозната ционистичка партија, предводена од министерот за финансии Безалел Смотрич, долго време се залага за уништување на Појасот Газа, раселување на Палестинците и воспоставување нелегални еврејски населби во областа.






