недела, 7 декември 2025

Израелски министер ги повика Евреите да се отселат од Њујорк поради победата на Мамдани

Израелскиот министер за прашањата на дијаспората и антисемитизмот Амихај Чикли ги повика Евреите да се иселат од Њујорк по изборот на Зохран Мамдани за градоначалник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Градот кој некогаш беше за светот симбол на слободата тукушто му ги предаде своите клучеви на поддржувач на (палестинското исламистичко движење) Хамас“, напиша Чикли на социјалната мрежа Икс.

„Њујорк никогаш повеќе нема да биде ист, особено за неговата еврејска заедница“, оцени тој.

Десничарскиот министер, познат по радикалните изјави, ги повика „Евреите од Њујорк сериозно да размислат да го направат Израел свој нов дом“.

Министерот за безбедност на Израел Итамар Бен Гвир го повтори тој став, нарекувајќи го новиот градоначалник на Њујорк „антисемит“.

„Антисемитизмот надвладеа над здравиот разум. Мамдани е поддржувач на Хамас, непријател на Израел и отворен антисемит“, рече Бен-Гвир.

Во израелската опозиција, лидерот на десничарската националистичка партија Авигдор Либерман изјави дека „Њујорк за свој градоначалник“избра расист, популист и отворен шиитски исламист.

Ниту кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, ниту израелското министерство за надворешни работи засега не го коментираа резултатот од изборите за градоначалник на Њујорк.

Мамдани, поддржувач на барањата на Палестинците, во последните месеци постојано зборуваше против антисемитизмот, но и осудувајќи ја и исламофобијата која, како што вели, ја доживеал.

Ставовите на Мамдани за Израел дека таму владее „режим на апартхејд“ и чија офанзива во Појасот Газа ја осуди како геноцид, предизвикаа силни реакции, вклучително и незадоволство кај дел од еврејската заедница.

Мамдани, член на левото крило на опозициската Демократска партија, ќе стане првиот муслимански градоначалник на Њујорк кога ќе ја преземе функцијата во јануари.

Јасната изборна победа на Мамдани дојде и покрај нападите врз неговата политика и неговото муслиманско потекло, особено од бизнис заедницата, конзервативните медиуми и американскиот претседател Доналд Трамп, кој му е главна мета во борбата против привилегиите за богаташите, што е еден од камен-темелниците на политичката програма на Мамдани.

Трамп во вторникот интервенираше во последен момент во њујоршката предизборна кампања, кажувајќи дека Мамдани „ги мрази“ Евреите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ