Либан беше вовлечен во војната на Блискиот Исток на 2 март, откако Хезболах испука ракети кон Израел. Израелските власти оттогаш наредија евакуација на сите жители јужно од реката Литани и спроведуваат воздушни напади во областа.
Во текот на викендот почна бомбардирањето на мостовите над Литани, за кои израелската армија тврди дека ги користи Хезболах за префрлање на борци. Израелскиот министер за одбрана нареди и уништување на домовите во либанските села.
Зборувајќи на израелско радио Смотрич кажа дека воената кампања во Либан „мора да заврши со сосема поинаква реалност, како во однос на решителноста на Хезболах, така и во однос на промената на границите на Израел“. Тој тврдеше дека границата треба да се протега сè до реката Литани во јужен Либан.
„Недвосмислено велам тука, во секоја просторија и во секоја дискусија: новата израелска граница мора да биде Литани“, кажа Смотрич.
Смотрич, кој раководи со мала крајно десничарска партија во кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, даде слични изјави за Газа кои честопати одат подалеку од официјалната израелска политика. Кабинетот на Нетанјаху не одговорил на барањето на Ројтерс за коментар.
Од друга страна, неименуван либански функционер изјави за истата агенција дека Бејрут продолжува да зависи од притисокот од странски сили врз Израел за да ја оконча војната, наведувајќи ја понудата на претседателот Џозеф Аун за одржување директни разговори.






