недела, 14 декември 2025

Израелски беспилотни летала фрлија гранати врз мировна мисија на ОН во Либан

Израелски беспилотни летала фрлија четири гранати во близина на мировниците на Обединетите нации во јужен Либан, во близина на границата со Израел, додека тие работеа на расчистување на барикадите, соопштија денес ОН.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Никој не беше повреден во нападот.

Мировните сили (УНИФИЛ) го опишаа инцидентот како „еден од најсериозните напади врз персоналот и средствата на УНИФИЛ“ од крајот на 14-месечната војна меѓу Израел и либанскиот Хезболах во ноември.

Израелската војска не даде коментар. УНИФИЛ соопшти дека израелските беспилотни летала испукале четири гранати во близина на мировниците, кои ги расчистувале барикадите што го блокирале пристапот до позиција на ОН по граничната линија. Една граната паднала на 20 метри, а три други на околу 100 метри од персоналот и возилата на ОН, соопштија од УНИФИЛ, додавајќи дека беспилотните летала биле видени како се враќаат кон Израел.

УНИФИЛ соопшти дека израелската војска била однапред информирана за работата на мировниците на расчистување на патиштата во областа, југоисточно од селото Марвахин, на помалку од еден километар од граничната линија.

„Од загриженост за безбедноста на мировниците по инцидентот, вчерашната работа беше суспендирана“, соопшти УНИФИЛ.

Нападот се случи откако Советот за безбедност на ОН минатата недела едногласно гласаше за прекин на мировната мисија на ОН во јужен Либан до крајот на следната година, по речиси пет децении, по барање на САД и Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ