четврток, 9 април 2026

Израелската војска убила најмалку 235 палестински новинари и медиумски работници во Газа

Најмалку 235 палестински новинари и медиумски работници се убиени, уште повеќе се ранети, а многумина исчезнале за време на израелската офанзива во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународната федерација на новинари (ИФЏ) и Палестинскиот сојуз на новинари (ПЏС) ги осудија убиствата и континуираните напади врз новинарите.

Тие повикаа на итна истрага за убиствата. „Во такви опасни услови, ИФЏ ги потсетува новинарите на терен да преземат мерки за претпазливост, да носат професионална заштитна опрема и да не патуваат доколку медиумската компанија не им ја обезбеди целата потребна професионална безбедносна опрема за известување. Ниту една приказна не вреди живот на еден новинар“, објави меѓународната федерација.

Во соработка со Палестинскиот сојуз на новинари, наведоа, се обидуваат да ги потврдат информациите и да ги документираат сите убиства.

Во соопштението Меѓународната федерација на новинари објави список на новинари и медиумски работници убиени од страна на израелските сили од почетокот на војната во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ