петок, 19 декември 2025

Израелската војска тврди дека презела контрола над 40 отсто од градот Газа

Портпаролот на израелската војска Ефи Дерфрин вечерва изјави дека израелските сили контролираат 40 отсто од градот Газа, кој Израел објави дека сака да го окупира.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес контролираме 40 отсто од територијата на градот Газа. Операцијата ќе продолжи и ќе се интензивира во наредните денови“, кажа Дефрин во телевизиска изјава.

Тој кажа дека палестинското движење Хамас ќе се соочи со целосната моќ на силите на армијата во градот Газа.

„Ќе го зголемиме притисокот врз Хамас до неговиот пораз“, порача Дефрин.

Газа е најголемиот град на опколената палестинска територија, каде што израелската војска спроведува разорна офанзива и геноцид над цивилното население.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ