„По разузнавачките информации и идентификацијата на оружјето на Хезболах и терористичката инфраструктура во неколку области на јужен Либан, војниците започнаа специјални и насочени операции“ за уништување на инфраструктурата и спречување на Хезболах повторно да се утврди во регионот, рече израелската војска во соопштението.
Војската не одговори веднаш на барањето на АФП да потврди дека ова е првата копнена операција на израелската војска во Либан откако беше потпишан прекин на огнот во ноември 2024 година.
Израелската војска опиша неколку операции, првенствено лоцирање и запленување оружје „на гребенот Џабал Блат“ и во „регионот Лабунех“, кој се наоѓа на два до три километри од израелските населби од другата страна на границата.
Израелската војска во прилог на своето соопштение објави видео – чија автентичност АФП не можел да ја потврди – на кое се гледаат војници како напредуваат ноќе во рурална област, која ја опишаа како јужен Либан.