недела, 13 јули 2025

Израелската војска добила нова команда, ги јакне нападите на Иран

Шефот на израелската Дипломатија Израел Кац порача дека Израел ќе го засили интензитетот на нападите на стратегиски цели во Иран, вклучувајќи го и главниот град Техеран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа најава доаѓа по израелскиот ракетен напад на нуклеарен реактор во Арак и иранскиот напад на болница во јужен Израел.

„Премиерот и јас дадовме команда Израелските одбранбени сили (ИДФ) да го засилат интензитетот на нападите на стратегиски цели во Иран и на владини мети во Техеран, за да се отстранат заканите за израелската држава и да се поткопа режимот на ајатолахот“, порача Кац на социјалната мрежа Икс.

Нападот на болницата предизвика низа реакции на израелскиот политички врв, со истакнување дека станува збор за цивилен објект. Од друга страна, иранските државни медиуми наведуваат дека мета била воената база на израелската војска која се наоѓа во непосредна близина на болницата, користејќи слично оправдување како тие на израелската војска при безмилосните бомбардирања на Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ