„Жители на Газа, улицата Ал Рашид ќе биде затворена за сообраќај од јужниот дел на Газа од 12 часот“, изјави портпаролот на израелската војска, полковникот Авишаи Андрае, во соопштение на арапски јазик.
Соопштението беше објавено на социјалните мрежи, додека израелската војска ја интензивира својата офанзива врз градот Газа, на северната палестинска територија.
Се додава дека ќе биде дозволен премин кон југ за оние што сè уште не биле во можност да се евакуираат од градот Газа.
„Во оваа фаза, израелската влада дозволува слободен и неконтролиран премин кон југ“, се додава во соопштението.






