петок, 30 мај 2025

Израелската армија мобилизира резервисти

Израелската армија во последните денови почна да испраќа наредби за мобилизација до резервистите, планирајќи да повика десетици илјади од нив како подготовка за проширена офанзива против палестинското движење Хамас во Појасот Газа, пренесоа израелските медиуми.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Резервисти треба да бидат испратени да ги заменат регрутите или активните војници низ целата земја, како и на окупираниот Западен Брег, за да можат овие војници и регрути да бидат испратени да се борат во Појасот Газа.

Роднините на некои резервисти потврдија за агенцијата Франс прес дека добиле повик за мобилизација, додека израелската армија ниту ја потврди ниту ја негираше веста.

Резервистите треба да бидат распоредени на границата на Израел со Либан и на окупираниот Западен Брег, за да ги заменат редовните војници кои ќе ја водат новата офанзива на Газа.

Израелскиот воен кабинет одобри планови за проширена операција во Појасот Газа, по изјавите на премиерот Нетанјаху и командантот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, кои посочија дека Израел има намера да ја интензивира кампањата во Газа.

Откако пропадна договорот за прекин на огнот во март, израелските трупи создаваат широки тампон зони во Газа, туркајќи ги 2,3 милиони жители на окупираната палестинска енклава во сè потесна зона во центарот на Појасот Газа и по должината на брегот, додека истовремено спроведуваат блокада за влез на камиони со хуманитарна помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ