вторник, 12 август 2025

Израелската армија ги гаѓа тенковите на сириската армија

Израелската војска денес соопшти дека погодила „повеќе тенкови“ во јужна Сирија каде што имало судири меѓу бедуинските сунитски племиња и борците од малцинството Друзи, при што загинале 50 лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Сириската опсерваторија за човекови права, Израел ги гаѓал тенковите на сириската армија, од кои некои се борат на страната на бедуините.

Израел претходно се закани дека ќе интервенира во Сирија за да го одбрани религиозното малцинство Друзи, кои се сметаат за лојално малцинство во Израел и служат во вооружените сили.

По соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад во декември минатата година, се појави загриженост за судбината на малцинствата.

Израел е сомничав кон новите лидери на Сирија и вели дека не сака исламисти во близина на своите граници.

Израелските сили претходно окупираа тампон-зона патролирана од Обединетите нации на сириска територија долж границата со Голанската Висорамнина и извршија стотици воздушни напади врз воени локации во Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ