„За време на војната, Балаги извршил терористички напади врз војниците на израелската армија и Израел“, соопшти ИДФ.
Во соопштението се додава дека Балаги неодамна се обидел да ги обнови капацитетите на Хезболах во областа Џатер, што „претставува јасно кршење на договорот за прекин на огнот“.
Повеќе од 150 оперативци на Хезболах се убиени во израелски напади од почетокот на прекинот на огнот во Либан во ноември 2024 година, пренесува Тајмс оф Израел.
Либан претходно го обвини Израел за кршење на прекинот на огнот, според кој Израелските одбранбени сили требаше да ги повлечат силите од либанска територија, но ги задржаа војниците на „пет стратешки позиции“ во земјата, покрај спорадичните напади, вклучително и нападите врз мировните сили на Обединетите нации.