„Откако се огласија предупредувачките сирени, забележани се два проектили кои доаѓаат од Либан, еден беше пресретнат, а другиот падна во Либан“, се вели во соопштението на армијата.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац предупреди дека нема да има мир во Бејрут доколку не завладее мир во областа Галилеја, во Израел.
„Нема да дозволиме враќање на ситуацијата пред 7 октомври“, кога во 2023 година палестинското движење Хамас изврши напад на израелска територија.
„Ќе ја обезбедиме безбедноста на жителите на Галилеја и ќе дејствуваме силно пред секаква закана“, додаде Кац.
Либан започна ракетни напади врз Израел во знак на солидарност со палестинскиот Хамас, против кој Израел води војна во Појасот Газа.