среда, 9 април 2025

Израелците во Либан убија командант на Хамас, сосе син му и ќерка му

Израел денеска уби командант на движењето Хамас во воздушен напад на југот на Либан, повторно тестирајќи го примирјето што ја прекина војната со либанската група Хезболах минатата година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелската армија објави дека убиениот Хасан Фархат стои зад ракетниот напад во градот Сафед минатата година во кој загинаа и беа повредени неколку израелски војници.

Израел се закани дека ќе дејствува против борците на Хамас каде и да се. Безбедносен извор изјави за Ројтерс дека Фархат бил убиен заедно со неговиот син и ќерка во јужниот либански град. Вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, објавија дека Фархат бил убиен во неговиот стан и го пофали неговиот придонес во конфликтот против Израел.

Сè позагрозено примирјето

Хамас и Хезболах се сојузници, а либанското движење започна со прекугранични напади врз Израел во 2023 година во знак на солидарност со палестинската група. Израел одговори со голема воздушна и копнена операција во која минатата година загина поголем дел од раководството на Хезболах.

Кабинетот на либанскиот премиер Наваф Салам денеска соопшти дека израелскиот напад е јасно кршење на примирјето меѓу Израел и Хезболах. Се чини дека тоа е сè позагрозено во последните неколку недели поради израелските напади врз јужните предградија на Бејрут и двете ракети лансирани од Либан кон Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ