Според него, нападот бил извршен во текот на ноќта, но засега нема потврда од Иран за наводната смрт на Хатиб.
Кац додаде дека тој и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ дале овластување на армијата да ликвидира и други високи ирански функционери што се цел на напади, без потреба од дополнително одобрување.
Кој е Есмаил Хатиб?
Есмаил Хатиб е ирански министер за разузнавање, именуван на функцијата во 2021 година од тогашниот претседател Ебрахим Раиси.
Тој студирал исламско верско право под водство на повеќе високи верски авторитети, меѓу кои и поранешниот врховен лидер Али Хамнеи. Во текот на кариерата извршувал високи функции во Министерството за разузнавање, како и во канцеларијата на врховниот лидер, вели Би-би-си.
Во 2022 година, Министерството за финансии на САД му воведе санкции поради неговата улога како шеф на иранското разузнавање, обвинувајќи го за сајбер активности насочени против САД и нивните сојузници.
Според достапните информации, Хатиб му се приклучил на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГК) во 1980 година, кратко по Исламската револуција во 1979 година.






