„Израел никогаш не напаѓа цркви или религиозни објекти и жали за каква било штета предизвикана на религиозни објекти или за страдањето на невините цивили. Израелските одбранбени сили (ИДФ) го истражуваат овој инцидент, чии околности сè уште се нејасни, а резултатите од истрагата ќе бидат транспарентни“, соопшти министерството.
Израелските одбранбени сили не потврдија дали извршиле напад врз црквата, во кој, според кампањата „Заштита на христијаните на Светата земја“, четири лица се тешко ранети, а четворица се полесно повредени.
Две жени загинаа, а неколку лица се ранети во израелски напад што погоди католичка парохија во Појасот Газа, соопштија денеска лекарите од болницата Ал-Ахли во Газа. Во нападот беше оштетена црквата Светото семејство, единствената католичка црква во палестинската енклава.
GAZA
Images of Holy Family Church in Gaza after damage from an ISRAEL raid this morning
The parish priest Fr. Gabriel Romanelli sustained injured along with others pic.twitter.com/vwMkjav3MG
— Catholic Arena (@CatholicArena) July 17, 2025
Италијанската новинска агенција АНСА објави дека шест лица се тешко повредени, додека свештеникот Габриеле Романели, кој редовно го информирал покојниот папа Франциск за израелско-палестинскиот конфликт, претрпел полесни повреди на ногата.






