вторник, 20 јануари 2026

Израел урива канцеларија на хуманитарна агенција на Обединетите нации во Ерусалим

Израел започна со уривање на канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Ерусалим, откако тамошната влада претходно воведе рестрикции за хуманитарните организации што обезбедуваат помош за Палестинците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

УНРВА, Агенцијата на ОН за помош и работа, соопшти на социјалната мрежа Икс дека израелските сили им ја конфискувале опремата на вработените и ги принудиле да го напуштат своето седиште во населбата Шеик Џара.

„Ова е невиден напад, и тоа не само врз УНРВА и нејзините простории. Ова претставува сериозно кршење на меѓународното право и на привилегиите и имунитетот на Обединетите нации“, се наведува во соопштението.

Израел долго време ја осудува агенцијата УНРВА поради, како што тврди, пропалестински ставови, и ја обвинува за врски со Хамас — што агенцијата го негира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ