среда, 30 јули 2025

Израел уби деца кои оделе да наполнат вода. ИДФ: Тоа беше техничка грешка

Десет лица, меѓу кои шест деца, загинаа во израелски воздушен напад во централниот дел од Појасот Газа додека чекаа во ред за вода.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Телата на загинатите се пренесени во болницата Ал-Авда во Нусејрат, каде што се лекуваат и 16 ранети лица, меѓу кои и седум деца, потврди еден од лекарите.

Очевидци тврдат дека дрон испалил ракета кон група луѓе кои чекале со празни канистри покрај цистерна за вода во бегалскиот камп Ал-Нусејрат.

Израелската армија соопшти дека за време на нападот, чија цел бил „терорист“, член на Исламски џихад, имало „техничка грешка“ и дека ракетата паднала на неколку десетици метри од целта.

Инцидентот, додаваат, во моментов е под истрага.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека се свесни за „тврдењата за жртви во областа“, додавајќи дека прават сè за „да ја минимизираат штетата меѓу цивилите колку што е можно повеќе“ и жалат за сите цивилни жртви што не се вклучени во конфликтот.

По нападот на социјалните мрежи се појавија непроверени снимки на кои се гледаат крвави деца и безживотни тела.

Жителите брзо се упатиле кон местото на настанот и почнале да ги евакуираат ранетите со свои возила и коли влечени од коњи.

Нападот се случи во време кога израелските воздушни напади низ Газа дополнително беа интензивирани.

Портпаролот на Цивилната одбрана во Газа изјави дека уште 19 Палестинци биле убиени во неделата во три одделни напади врз станбени згради во централниот дел на Појасот Газа и во градот Газа.

Во меѓувреме, Меѓународниот комитет на Црвениот крст објави дека нивната теренска болница во Рафа, во јужна Газа, лекувала повеќе масовни жртви во последните шест недели отколку во сите претходни 12 месеци.

Се наведува и дека во саботата во болницата пристигнале 132 ранети „со повреди предизвикани од оружје“, од кои 31 лице починало.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека од 27 мај, кога се отворија нови пунктови за дистрибуција на храна, болницата лекувала повеќе од 3.400 пациенти ранети од оружје и регистрирала повеќе од 250 смртни случаи, повеќе отколку минатата година во болницата.

„Зачестеноста и обемот на овие масовни убиства ги истакнуваат ужасните услови што ги доживуваат цивилите во Газа секојдневно“, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пренесува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ