четврток, 26 март 2026

Израел тврди: Убиен командант на Иранската револуционерна гарда

Неименуван израелски функционер изјави за Тајмс оф Израел дека во напад во иранскиот град Бандар Абас е убиен командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според истите тврдења, Тангсири бил директно одговорен за затворањето на Ормускиот теснец — една од најважните светски рути за транспорт на нафта и гас.

Засега нема официјална потврда од Иран, ниту коментар од израелската војска за наводниот напад.

Информацијата доаѓа во момент на зголемени тензии во регионот, по серијата напади врз енергетска инфраструктура и бродови во Персискиот Залив, што дополнително го засили ризикот за глобалното снабдување со енергенси.

Доколку се потврди, ова би претставувало значаен удар врз иранските поморски капацитети и дополнително би ја ескалирало конфронтацијата меѓу Израел, САД и Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ