Тунберг, активист за климатски промени, е меѓу 12-те активисти, вклучувајќи го и актерот од „Игра на тронови“, Лијам Канигкем, кои се на бродот, чија цел е да се стави крај на блокадата на Газа и да се достави хуманитарна помош, истовремено подигнувајќи ја свеста за растечката хуманитарна криза.
Активистите изјавија дека планираат да стигнат до Газа денеска.
Рима Хасан, француска пратеничка во Европскиот парламент од палестинско потекло, исто така е дел од екипажот. Нејзе ѝ е забранет влезот во Израел поради нејзиното противење на израелската политика кон Палестинците.
По тримесечна целосна блокада, Израел минатиот месец почна да дозволува влез на основна помош во Газа, но хуманитарните работници предупредија на глад доколку блокадата и војната не прекинат.
Минатиот месец, уште еден обид на истата организација да стигне до Газа не успеа откако бродот беше нападнат од беспилотни летала додека пловеше во меѓународни води крај Малта. Групата го обвини Израел за нападот, во кој беше оштетен предниот дел на бродот.