среда, 11 јуни 2025

Израел објави дека во Газа влегле камиони со храна за бебиња

Израел денес дозволи премин на камиони со храна за бебиња во Газа, објави израелското министерство за надворешни работи, по најавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ќе биде дозволено влегување на мало количество помош по двомесечна блокада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес, Израел го олесни влезот на камиони со храна за бебиња во Газа. Во наредните денови, Израел ќе го олесни влезот на десетици камиони со помош“, изјави Деден Бар-Тал, генерален директор на израелското министерство за надворешни работи, за новинарите на прес-конференција во Ерусалим.

На прашањето колку камиони влегле, портпаролот на министерството кажа дека мора да провери со Когат, телото на министерството за одбрана кое ги надгледува цивилните операции во Газа и окупираниот Западен Брег.

Тој додаде дека идејата е да се испратат голем број камиони во наредните денови.

Со недели, агенциите на Обединетите нации и меѓународните невладини организации присутни во Газа известуваат за недостиг од храна, вода за пиење, гориво и лекови на таа палестинска територија, која е под опсада повеќе од 19 месеци.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, денес предупреди за зголемениот ризик од глад во Појасот Газа, каде што, според него, два милиони луѓе веќе гладуваат.

Под притисок од странство поради блокадата што ги изгладнува Палестинците во Газа, Израел во неделата објави дека ќе дозволи ограничено продолжување на хуманитарната помош, а во исто време ќе започне големи копнени операции во Газа.

Одлуката да се дозволи влез на помош на палестинската територија, повеќе од два месеци откако Израел воведе блокада на Газа на 2 март, е „тешка, но неопходна“, според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ